Вести
logo secwp      transparency mk
 

Пребарајте на нашиот сајт

training 24122019

24.12.2019 Сè уште не заживеал системот и механизмот за заштита на укажувачите затоа што сè уште недоволно се прави од страна на институциите од државниот и јавниот сектор, но и приватниот. Тие треба да обезбедат услови за безбедно пријавување од страна на укажувачите и понатаму да се спроведе целата постапка на начин што нема да се загрозат укажувачите и тие да не трпат последици од било каков вид за тоа што го кажале. Ова го истакна претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева пред почетокот на обуката „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“ што се одржa во Скопје.

– Досега немаме ниту еден пример позитивен, сè уште имаме многу укажувања и последни случаи за укажувачи кои имаат последици, кои водат постапки во суд заради тоа што имале последица од пријавувањето, трпеле мобинг или биле распоредувани на други работни места и друг тип последици, вели Тасева.

ЗАКОН ИМА, ПРАКТИЧНИ ЕФЕКТИ НЕМА

Приближно четири години откога е донесен Законот за заштита на укажувачи и со две промени на неговата содржина, се чини, овој правен акт никако не може да заживее во Македонија. Или, со други зборови, ефектите од неговото донесување не се видливи во јавноста. Ниту граѓаните укажуваат на одредени аномалии во општеството ниту пак институциите преземаат некакви активности за негова практична примена и ефектуирање. Едноставно укажувачите постојат само на хартија, иако и законот и неговата примена се значаен сегмент од реформите, кои ни се услов за наше членство во Европската Унија.

Стручна јавност во земјава со која се консултиравме, во сублимиран заклучок вели дека по носењето на законот веќе неколку години се добива впечаток дека имплементацијата на овој акт, заедно со кампањата за издигнување на свеста, и резултатите од терен се паднати во втор план.

Според Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“ – Македонија, од кога е во сила Законот за укажувачи, тој не заживеа во практиката.

– На граѓаните не им е јасно што значи да се биде укажувач, а надлежните институции не преземаат активност за негова примена, ниту се подготвени за прием на пријави од укажувачи – вели Тасева.

svirce 2008 janevska ilieva 696x463

8 ноември, 2019

Од Марк Ворт

Координатор на Коалицијата

Во текот на изминатите пет години, Југоисточна Европа го водеше светот во зајакнувањето на правата на укажувачите. Благодарение на напорната работа на креаторите на политики, активисти, новинари и граѓани, секоја Западно-Балканска држава сега има закон за заштита на укажувачи коишто ги содржат повеќето европски и меѓународни стандарди.

slider new 958x400

од лево кон десно: Александар Обрадовиќ, Мислав Котарац, Ѓорѓи Илиевски 

Поради тоа, укажувачите немаат за што да се грижат, така? Погрешно.

Три тековни случаи на одмазда покажуваат дека регионот има долг пат пред да може вработените и граѓаните да пријавуваат криминал и корупција без страв од гонење, отпуштање од работа, и друго. Случаите исто така откриваат дека силните закони се една работа. Вистинската заштита во ситуации во реалниот живот е нешто друго.

„Имаме повеќе доверба во истражувачките новинари“

На 18 септември Српската агенција за разузнавање (САР) го уапси Александар Обрадовиќ во фабриката за оружје Крушик во Ваљево. Ова се случи три дена откако Arms Watch извести дека компанијата којашто е во државна сопственост е вклучена во извоз на муниција првично стекната од борците на Исламската држава во Јемен. Крушик е поврзана со Бранко Стефановиќ, таткото на српскиот вицепремиер Небојша Стефановиќ, според медиумските извештаи.

„Не лажев ниту фалсификував нешто Ова се фактите – и само дел од нив – за постапките на Крушик“, известува Обрадовиќ за Балканската мрежа за истражувачко известување (БИРН).

Официјалното усвојување на Директивата за укажувачи на ЕУ создава две-годишен прозорец за можности на земјите-членки на ЕУ да преземат водство во заштитата на укажувачите, со тоа што ја транспонираат директивата во национален закон, - изјавија од Транспаренси Интернешнл.

Транспаренси Интернешнл објави анализа и препораки за да им овозможи на земјите-членки да ги имплементираат националните закони базирани на најдобри практики со коишто ефективно ќе ги заштитат укажувачите и ќе ги поддржат напорите за анти-корупција во нивните земји. Во препораките е вклучено дека националното законодавство треба да ја земе во предвид секоја ситуација на укажување, и да обезбеди дека сите укажувачи се заштитени, вклучувајќи и ситуации кога работите за кои се укажува се однесуваат и на одбраната, безбедноста, и класифицираните информации.

2019_08_EQS_Blog_EU_Whistleblowing_Directive.jpg

Вашингтон, 3 септември, 2019

Во случајот детектив Елер против Државната полиција во Ајдахо, детективот Брендон Елер го реши својот случај како укажувач, откако Државната полиција во Ајдахо го компензираше за емотивниот стрес којшто го доживеа како последица на одмазда од страна на полицискиот департмент поради тоа што обелоденил коруптивни активности во полициската станица во Ајдахо во коишто бил вклучен друг полициски службеник и сведочел против него.

Со помош на професор по право од Универзитетот во Ајдахо и Националниот Центар за Укажувачи (National Whistleblower Center) коишто поднеле барање до судот amicus curiae до врховниот суд во Ајдахо, детектив Елер успеал да добие компензација за емотивниот стрес којшто му бил предизвикан.

“Укажувачите го заслужуваат правото да обелоденат измама и корупција без страв од последици. Неопходно е во нашето општество да се воведат заштитни мерки за тие коишто ќе обелоденат корупција” – вели детектив Елер.  

Повеќе за оваа вест можете да прочитате на: https://www.whistleblowers.org/news/idaho-state-police-whistleblower-wins-retaliation-case-and-receives-financial-reward/